На најновата ВТА ранг листа нема промени во ТОП 10, па така и натаму Ига Швjонтек е најдобро пласирана со 8.975 бодови, а полската тенисерка на првото место позиција континуирано е повеќе од една година.
Зад неа е Белорусинката Арина Сабаленка која собра 6.891 бод, а третото место на најновата листа на најдобри светски играчи го зазема Џесика Пегула од САД.
редоследот во ТОП десет го комплетираат:
4. Онс Жабер,
5. Каролина Гарсија,
6. Коко Гоф,
7. Елена Рибакина,
8. Дарија Касаткина,
9. Марија Сакари и
10. Петра Квитова.