Со натпреварот помеѓу Арсенал и Саутемптон што ќе се игра вечера на стадионот “Емирати“ во Лондон, започнува 32.коло во Премиер лигата

По две последователни „ремија“ со Вест Хем и Ливерпул, „топчиите“ дополнително ги искомплицираа шансите за освојување на титулата. Иако имаат натпревар и четири бода повеќе од Манчестер Сити, лидерот на табелата Арсенал, вечерва ќе мора да победи доколку сака да ја одржи разликата во однос на актуелниот првак и најголем конкурент за титулата Манчестер Сити.

Избраниците на Микел Артера мора да ја оправдаат улогата на фаворит против последно пласираниот тим Саутемптон, со кого во првиот меѓусебен дуел направија голем „кикс“ играјќи 1-1.

Овојпат, не смеат да си дозволат таков луксуз, бидејќи во следното коло гостуваат кај инспирираните  „гаѓани“, во дербито на „Етихад“ што ќе се игра на 26 април.

Вечерашниот натпревар меѓу Арсенал и Саутемптон започнува од 21 часот.