Во кошаркарскиот шампионат на Македонија, во женска конкуренција, попладнево започнува полуфиналната рунда од плеј-офот.

Бранителот на титулата од минатата година, екипата на Бадел серијата подобар до три победи ќе ја стартува на домашен терен против екипата на Струга која во четвртфиналето направи изненадување елиминирајќи ја Крива Паланка по само два одиграни натпревари.

Првиот натпревар меѓу Бадел и Струга ќе се игра во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода со почеток од 18 часот.

Два часа порано (16 ч.) во Македонска Каменица кај екипата на Баскет Кам која заврши како прво пласирана во регуларниот дел од сезоната, гостува МЗТ Скопје Аеродром.

Овој дуел е практично реприза од годинашното финале во Купот во кое аеродромки стигнаа до својот прв клупски трофеј.

Сега е поинаку, бидејќи за пласман во финалето, потребни се три победи.

Натпреварите ќе се играат по принципот дома-гости-дома (2-2-1). Вториот и третиот на програмата се на 22 и 26 април, а доколку биде потребно следните би се играле на 29 април, односно мајсторката на 3 мај.

ПОЛУФИНАЛЕ – ПРВ НАТПРЕВАР
16.30 Баскет Кам – МЗТ Скопје А
18.00 Бадел – Струга