Во првиот натпревар од 31-то коло на англиската Премиер лига, екипата на Астон Вила го победи Њукасл со што на црно-белите им ја одзеде важни три бодови во трка за позициите што водат во Лигата на шампионите. Со овој пораз прекината е и победничката низа на Њукасл на последните пет натпревари.
На „Вила Парк“ во Бирмингам, натпреварот одлично почна за домаќините кои со голот на Џејкоб Ремси вп 10-тата минута поведоа со 1-0, што беше и резултат на крајот на првиот дел.
Во вториот, домаќините продолжија со иницијативата. Откако во 61.минута поради милиметарски офсајд му беше поништен гол, Воткинс четири минути подоцна на ефектен начин го совлада гостинскиот голман, за 2-0, а во 85.минута го постигна и третиот гол за Вила, него 11-ти гол на последните 12 натпревари во Премиер лигата.
Со оваа победа Астон Вила се доближи на три бодови помалку од Тотенхем кој има 53, а во борба за 5-место, додека Њукасл остана на 56 колку што има и Манчестер Јунајтед, екипи кои денеска и утре ги играат своите натпревари од ова коло и имаат шанса да го стигнат и минат Њукасл.