По настапот на Европското првенство минатата година кое се играше во Скопје, женската македонска репрезентација ја очекува нов предизвик односно бараж дуелите со Украина.

Ракометарките одработена неколку тренинзи, а секако настапот на домашен терен и желбата за пласман на големото натпреварување е можна само со победи.

Украина е незгоден противник, особено што тоа е селекција што во минатото најголем дел од ракометарките ја сочинувале репрезентацијата на Советскиот сојуз. Последните неколку години не се во европскиот врв, но за да се пласираме на Светското првенство не доволно да се одигра еден добар натпревар, мораме да мислиме и да одиграме добри 120 минути против овој ривал, изјави селекторот Љубомир Савевски.

Натпреварот Македонија – Украина се игра вечерва од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот, а влезот е слободен.