Македонскиот репрезентативен голман Стоел Димитриевски со својата екипа Рајо Ваљекано не успеаја да ја прекинаа серијата од шест натпревари без победа во шпанската Ла Лига. Рајо на гостувањето на „Местаља“ кај Валенсија одигра без победник 1-1.
Гостите одлично започна аи веќе во 9-тата минута со голот што го постигна Санти Комесана поведоа со 1-0. Столе и гостите има голема среќа во 25-тата минута кога Џастин Клајверт ја погоди стативата од голот на Димитриевски.
Гостите одолеваа на силниот притисок и бројните шанси на Валенсија, но во 82-та минута сепак домаќините дојдоа до израмнување и тоа преку Клајверт од пенал.
Валенсија се обидуваше да стигне до комплетен резултатски пресврт, но нашиот репрезентативец во неколку наврати го спасуваше својот гол и тим.
Рајо сега има 37-бодови дури, и е на осмото место на табелата, но заостанува седум зад Виљареал во трка за шестата позиција што води на европската сцена следната сезона.
Валенсија иако е 17-та, сепак сеуште е во опасната зона за испаѓање.