Екипата на Вашингтон забележа важна победа во трката за позициите што носат пласман во разигрувањето на НБА лигата.

Пред своите симпатизери популарните „Визардси“ го совладаа вториот најдобро рангиран тим на истокот Бостон „Селтикс“ и тоа убедливо со 130-111. интернационалниот тандем Порзингис-Авдија беше најзаслужен за победата на Вашингтон, а двајцата играчи средбата ја заврпија со дабл-дабл ефект. Летонецот, Порзингис на 32-те поени придодаде 13 скокови и 6 асистенции, а Израелецот, Дени Авдија имаше 25 поени, 10 скокови и 5 асистенции, за вкупно 34-та победа на „Визардси“ кои се 11-тии се на само две победи помалку од Чикаго кој е на последното 10-то место што води во плејофот.

Изминатата ноќ во НБА лигата ја одбележа и тандемот на Голден Стејт, Стеф Кари и Клеј Томсон, кои го предводеа шампионот до победа над Њу Орлеанс со 120-109. Иако „Воините“ има негатива од 17 поени на полувремето, сепак Кари со 39 поени и Томсон кој постигна 17, но и рекорд од 277 тројки во една сезона, во вториот дел направија пресврт, за 40-та победа на Голден Стејт.