Македонските фудбалери со победа против Малта ги започнаа квалификациите за европското првенство 2024 догодина во Германија.
На арената „Тодор Проевски“ во Скопје пред околу 5.000 гледачи нашите фудбалери потешко од очекуваното ја победија Малта со 2-1.
Иако уште од самиот старт црвено-жолтите континуирано напаѓаа и создаваа шанси сепак отпорот на гостите го скршија во вториот дел.
Прво, во 62-минута, по асистенцијата на Миовски, на ефектен начин Елмас го отвори резултатот за водство од 1-0. Само шест минути (72) подоцна Чурлинов кој влезе на местото на Велковски (58-минута) по соло акцијата со прекрасен гол и донесе предност на Македонија од 2-0.
Кога сите очекуваа трет гол во мрежата на Малта, на спротивната страна, во 86-минута, по лошата интервенција на целокупната наша одбрана, најдобро се снајде Јаник Јамнак кој намали на 2-1.
Во претпоследната минута, Енес Барди изведе одличен слободен удар, но немаше среќа. Топката заврши само гредата на гостинскиот гол, а резултатот останата не променет 2-1 за Македонија.
Иако минимална, сепак оваа победа е исклучително значајна со оглед на тоа дека во следните три натпревари нашата селекција ја очекуваат тешки дуели против Украина и Англија во јуни (дома па на гости) и во септември двете гостувања, кај Италија и Малта.