Секогаш сме ги почитувале и ќе ги почитуваме и другите актери на спортскиот терен
Откако Вардар се огласи со соопштение во кое изрази поддршка за арбитрите на неделното дерби со Еурофарм Пелистер, а воедно побара од сите кои ќе бидат во СЦ „Јане Сандански“ и ќе го следат големото македонско ракометно дерби, попладнево со реакција во ист стил и конотација се огласи и битолскиот клуб.
Како клуб секогаш сме ги почитувале и ќе ги почитуваме и другите актери на спортскиот терен, се вели меѓу другото во соопштението на РК Еурофарм Пелистер упатено до јавноста, кое можете да го прочитате во целост во продолжение.