Денови на мак-фудбалот


Фудбалот е во фокусот на вниманието на само на македонската туку и пошироката европска јавност. Првенствено поради стартот на квалификациите за Европскиот шампионат што догодина ќе се одржи во Германија.

Но, покрај сениорските натпревари, актуелни се и бројни младински натпревари. Така денеска освен најдобрата машка селекција која ги започнува евро-квалификациите, свои натпревари ќе имаат уште три млади македонски фудбалски репрезентации.

Единствената женска, е онаа до 17 години, која во Португалија, ќе ги започне натпреварите од квалификациите за ЕП што ќе се одржи во Естонија летово. Младите македонски фудбалерки се дел од втората рунда и ќе играат во А групата, а на отворањето за противник ќе ја имаат силната репрезентација на Германија.

Во Албена, на контролен турнир е најмладата машка селекција, онаа до 16 години, која по победата над Гибралтар на пенали (4-3), попладнево ќе игра против домашната селекција на Бугарија.

Во Анталија, младинците, репрезентацијата до 21 години, како дел од подготовките за евро-квалификациите ќе одиграат три контролни натпревари. Првиот денеска на програмата е од 15 часот, а противници на избраниците на селекторот Драган Канатларовски се Летонците.

Во продолжение може да ги видите планираните активности на македонските фудбалски селекции во наредни неколку денови:

МАКЕДОНИЈА СЕНИОРИ 
ЧЕТВРТОК 23.03. МАКЕДОНИЈА – МАЛТА (20.45 часот – Квалификации за ЕП 2024)
ПОНЕДЛНИК 27.03 МАКЕДОНИЈА – Фарски Острови (18.00 часот – пријателска)

МАКЕДОНИЈА У16 (во Албена, Бугарија)
ВТОРНИК 21.03 Македонија – Гибралтар 4-3 на пенали
ЧЕТВРТОК 23.03. Македонија – Бугарија (15 часот)
НЕДЕЛА 26.03. Македонија – Косово (15 часот)

MАКЕДНИЈА У19 (во Азербејџан)
каде ќе одигра два пријателски натпревари против оваа селекција на 24. и 27. март.
ПЕТОК 24.03. Азербејџан – Македониjа (13 часот)
ПОНЕДЕЛНИК 27.03. Азербејџан – Македониjа (13 часот)

MАКЕДНИЈА У21 (во Анталија, Турција)
ЧЕТВРТОК 23.03. Македонија – Летонија (14 или 15 часот)
САБОТА 25.03. Македонија – Финска (15 часот)
ВТОРНИК 28.03. Македонија – Словачка (15 часот)
*** Квалификациите за ЕП 2025 година ги почнуваат на 8 септември со гостување кај Шведска

MАКЕДНИЈА У17 (жени)
Квалификации за ЕП У17 Втора рунда – група А (се игра турнирски во Португалија)
ЧЕТВРТОК 23.03. Германија – Македонија (15 часот)
НЕДЕЛА 26.03. Португалија – Македонија (18 часот)
СРЕДА 29.03. Македонија – Унгарија (16 часот)