Во четврток на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со дуелот против Малта, македонската фудбалска репрезентација го започнува новиот циклус на квалификации.
Противникот е аутсајдерот во нашата група Ц, во која се уште и топ фаворитите Италија и Англија, кои ќе се судрат во премиерното коло, како и селекцијата на Украина која е слободна во првата рунда.
Селекторот Благоја Милевски на располагање ги има сите фудбалери кои веќе три дена во позитивна атмосфера се подготвуваат на терените крај ФФМ.
Еден од напаѓачите, Милан Ристовски верува дека Македонија со победа ќе ги почне овие квалификации.
Сигурно дека ќе влеземе мотивирани на овој натпревар. Чувствувам добра енергија меѓу нас. Сметам дека имаме доволно доволно квалитет и ќе дадеме се од себе на овој натпревар, да започнеме со победа“, вели Милан Ристовски.
Македонската репрезентација на натпреварот против Малта во четврток, на арената Тодор Проевски ќе истрча со новите дресови, и голема желба со победа да се започната квалификациите за Европското првенство 2024 година.