Големото македонско ракометно дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се игра во недела (26 март).
Актуелниот шампион ќе ја има улогата на домаќин на првиот од двата дуели во плејофот, што повеќе од сигурно ќе решаваат за шампионскиот трофеј.
Вардарци информираа дека од денеска се пуштени во продажба билетите за овој дуел, кои се продаваат по цена од 150 и 200 денари, а може да се набават онлајн на www.mktickets.mk и преку продажната мрежа на Мктикетс во целата држава.
Продажба на билети (доколку останат слободни места) ќе има и пред самиот почеток на средбата, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” два часа (2 часа) пред почетокот на натпреварот.
неделниот натпревар меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ ќе започне од 18 часот.