Дејан Михајловиќ кој изминатиот викенд со кадетската репрезентација на Македонија одигра двомеч со романските врсници, стави потпис на нов договор со Бутел Скопје. Кружниот напаѓач ќе остане во тимот на Бутел најмалку до 2026 година.
Со потписот на Михајловиќ, Бутел Скопје уште еднаш покажува дека смета во иднина на младите македонски ракометари, кои тренерот Кристијан Грчевски успешно ги промовира во првиот тим.
„Најпрвин сакам да и се заблагодарам на управата на Бутел Скопје за довербата што ми ја пружа како млад играч. Бутел е клуб со големи амбиции и одличен проект, среќен сум што го продолжив договорот и што ќе го носам дресот на овој клуб во иднина. Очекувам да напредувам добивајќи минутажа во играта со што би ја оправдал довербата на тренерите и управата на клубот“, изјави Михајловиќ.
Бутел Скопје по четири одиграни средби, во плејоф конкуренцијата на Супер лигата, со една победа и три порази, се на делба на 5-тото и 6-тото место со вториот тим на Еурофарм Пелистер.
По репрезентативната пауза Бутелчани ги очекуваа двомеч со Алкалоид. Првиот натпревар е во рамките од четвртфиналните групи во Купот на Македонија закажан за претстојниот викенд, а седум дена подоцна овие два тима ќе се сретнат и во дуелот од 5.коло во плејоф конкуренцијата.