Данил Медведев успеа да се пласира во осминафиналето на АТП Мастерсот 1000 во Индијан Велс откако ноќеска славеше во мечот во три сета против Илија Ивашка со 2-1. По водството и убедливо добиениот прв сет со 6:2, противникот изедначи на 1:1 освојувајќи го сетот со 6:3. Сепак во решавачкиот сет Медведев пак беше на висина на задачата и го освои сетот со 6:1 во гемови.
Негов ривал ќе биде Александар Зверев, кој на ист начин со 2-1 во сетови беше подобар од Емил Русувури. Зверев ги освои првиот и третиот сет со 7:5 во гемови, а противникот го освои вториот сет со 6:1.
Пласман во осминафиналето обезбеди и Андреј Рублев со триумфот над Уго Умберт. На овој дел од „костурот“ веќе се елиминирани двајца од носителите Стефанос Циципас (втор) и Каспер Руд (трет).