Машката ракометна репрезентација на Македонија, попладнево се собра во хотелот Александар Палас, каде ќе биде барзата за претстојните два натпревар против Португалија во квалификациите за Еп 2024 година.
Селекторот Кирил Лазаров кој реши дополнително да ја подмлади репрезентацијата во однос на онаа што настапи на Мундијалот, па не беа повикани искусните крила Гоце Георгиевски и Дејан Манасков, на денешната прва прозивка се соочува со дополнителни проблеми.
Филип Талески од приватни причини нема да настапи во дуелите со Португалија, за кои неизвесни се и Пешевски и Танкоски кои пријавија повреди, како и Павле Атансијевиќ за кој Е. Пелистер испрати допис до федерацијата дека тој нема да може да помогне на овој собир.
„Ќе играме против силна репрезентација, кој е составена од искусни играчи кои настапуваат во силни европски екипи како Нант, Порто, Спортинг, Бенфика. Дека се селекција во подем доволно говори нивниот настап на Мундијалот, на кој место обезбедија откако во баражот ја елиминираа Холандија. Ние ќе бидеме драстично подмладени, но имаме квалитет, да се спротивставиме и да извлечеме поволен резултат. Создаваме нова селекција, за која треба време, но верувам дека ќе успееме да го издржиме тој процес, а потоа ќе дојдат и резултатите“, изјави селекторот Лазаров.
Од повиканите ракометари последен ќе се приклучи капитенот Никола Митревски кој има обврски во својот клуб, па искусниот голман треба да му се стави на располагање на селекторот утревечер.
Првиот натпревар против Португалците ќе го играме на домашен терен, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 9.март (четврток) , а следниот е на 12.март (недела) во Матосинхош со почеток во 19:30 часот (18:30 часот локално