Кои се најдобрите во фудбалот во изминатата 2022 година ќе дознаеме вечерва по свечената церемонија на која Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе ги додели признанијата „The Best“
Финалната тројка која е во конкуренција за престижното признание ја сочинуваат, капитенот на светскиот шампион Лионел Меси, неговиот клупски колега и најдобриот стрелец на Мундијалот во Катар, Килијан Мбапе како и неговиот сонародник и најдобриот играч за минатата сезона во Лигата на шампионите Карим Бензема.
Кај дамите, во конкуренција се, Англичанката, Бет Мид, Американката, Алекс Морган и Алексија Путелас фудбалерката на Барселона која беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Во конкуренција на тренер, за признанијата претендираат, аргентинскиот селектор Лионел Скалони кој го одвои Мундијалот, Италијанецот, Карло Анчелоти кој го предводеше Реал Мадрид до титулата во Лигата на шампионите и Шпанецот, Пеп Гвардиола, додека во ќенска конкуренција за истото признание претендираат, шведската селекторка на Бразил, Пиа Санхеџ, шефот на стручниот штаб на Лион, Соња Бомпастор и селекторот на Англија, Сарина Вигман од Холандија.
Во можеби нај атрактивната категорија односно за признанието „Ференц Пушкаш“ што се доделува за најубавиот го л во сезоната конкурираат полскиот фудбалер со инвалидитет Марцин Олески, фудбалерот на Олимпик Марсеј, Димири Паје и Бразилецот, Ричарлисон со неговиот погодок против Србија на Мундијалот.
Ќе бидат доделени и признанијата за најдобар голман се најдоа Емилијано Мартинез, Јасин Боно и Тибо Куртоа.
Церемонијата на доделуваше на признанијата на ФИФА „The Best“ што ќе се одржи вечерва со почеток од 21 часот, може да ја следите ВО ЖИВО ОВДЕ.