Женската фудбалска репрезентација на Македонија е во Аланија, Турција, каде настапува на меѓународен турнир.
Откако избраничките на селекторот Кирил Изов беа поразени минимално во првите два одиграни натпревари со Замбија 1-0 и од Бургија со 2:1, денеска ќе го одиграат третиот натпревар.
Во последната контрола македонските фудбалерки за противнички ќе ја имаат селекцијата на Естонија.
Натпреварот ќе започне од 13 часот, а ќе може да го гледате во живо овде.