Македонската кошаркарска репрезентација утрово отпатува за Левице, каде в четврток против Словачка ќе го одигра претпоследниот натпревар од предквалификациите за Европското првенство.
Селекторот Александар Јончевски ги одреди 12-мината кошаркари на кои ќе смета не само за натпреварот со Словаците, туку и оној наредниот со Данска (три дена подоцна).
Тимот е речиси истиот што ги одигра последните два натпревари, со исклучок на дебитантот Лејсон Зекири.
Составот кој ќе го има на располагање Јончевски е:
Кристијан Николов (Коњаспор),
Андреј Магдевски (Донар),
Војдан Стојановски,
Дамјан Робев,
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром),
Адем Мекиќ (Темишвар),
Ти-Џеј Шортс (Телеком Баскет Бон),
Теодор Симиќ (Игокеа),
Стојан Ѓуроски (Оуренсе),
Лејсон Зеќири (Сигал Приштина),
Андреј Маслинко (Пелистер),
Страхил Николов (ТФТ Моцарт).