Иако по триумфот на Австралија опен немаше настап, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, повторно испиша историја.
Новак ја започнува својата 377-ма недела на врвот на АТП листата со што се израмни со досегашниот рекордот на легендарната германска тенисерка Штефи Граф.
Ѓоковиќ за првпат беше на врвот на АТП листата на 4 јули 2011 година, а сега, неполни дванаесет години подоцна, се уште е таму.
Зад Ѓоковиќ, нема промени, барем што се однесува до седмата позиција, па по Србинот следуваат: Алказар, Циципас, Руд, Рубљов, Надал и Фриц.
Затоа пак на осмата позиција сега е Данил Медведев кој се врати во ТОП-10-те. Русинот напредуваше три места по триумфот на турнирот во Ротердам, на сметка на Ожер-Алиасим и Руне и Хуркач.