Екипата на ПСЖ се изнамачи да го совлада Лил во натпреварот од 24.коло на француската Лига1.
Иако „светците“ со головите на Мбапе (11.минута) и Нејмар (17) имаа два гола предност, сепак во продолжението мораа да се спасуваат и од пораз.
Диаките во 24-минута намали на 1-2, а во второто полувреме Лил преку Канаѓанецот, Дејвид од пенал (58) и Бамба во 69-минута направија и пресврт за водство од 3-2.
ПСЖ се мачеше се до самата завршница, односно 87-минута кога Мбапе со својот втор гол го израмни резултатот, а во петата минута од судиското дополнение (90+5) Лионел Меси му донесе победа на својот тим.
ПСЖ сега има 57 бодови, осум повеќе од Олимпик Марсеј кој вечерва гостува кај Тулиз.