Ракометот, кошарката, одбојката, па сите останати без фудбалот ….
Во периодот додека „војна“ се води за „спортскиот денар“ или популарниот „спортски ваучер“, денеска Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги објави списоците на спортистите, клубовите и федерациите, и износите што ги добиваат по овој основ.
Ракометот (федерацијата) останува и натаму водечки спорт, со сума од 14.миниои денари (227.642,евра), по што следуваат Кошаркарската федерација со 12,3 милиони (200.000 евра), па Одбојкарската со 10,8.милиони денари (185.609 евра)
Далеку зад нив, а како четврто рангиран е Македонскиот олимписки комитет (МОК) кој ќе добие „ваучер“ во вредност од 2.мииони денари (32.520 евра).
Веднаш зад МОК (според сумата) е Кајакарската федерација со 1,7.милиони денари (27.642 евра), што е за 50 илјади денари повеќе од Теквондо и Џудо федерациите, односно 150 илјади денари повеќе од Боречката федерација.
И годинава, Фудбалската федерација на Македонија е изземена од „ваучерскиот систем“ поради неусогласеност на статусот и работата на федерацијата со актуелните законски акти во државата.
затоа пак, на списокот се вкупно 45 федерации меѓу кои по две од каратето, Џуи-џица, Самбо, Качувачка федерација, како и онаа НАЦИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИОНА ФЕДЕРАЦИЈА!?
И кога ќе го погледнете списокот само на федерациите, ќе си поставите сосема легитимно прашање – „Каде и во што се вложуваат парите, какви резултати можеме да очекуваме, и најважно, каква промоција добива државата од ваквите вложувања!?
Одговорот сигурно сами ќе си го дадете, а тој е јасен
МАКЕДОНИЈА НЕМЕ НИКАКВА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА СПОРТОТ!
Списокот може да го видите во продолжение или да го преземете од официјалната веб страна на АМС. (ОВДЕ).