,,Фенерџијата” Евертон приреди вистинско изненадување во Премиер лигата совладувајќи го лидерот Арсенал со минимални 1-0.
Иако тимот на Артета важеше за голем фаворит на овој натпревар, со оглед дека пред почетокот на истиот, Арсенал беше на првата позиција, а Евертон на последната, сепак храбриот Евертон со големи три бода за момент излезе од зонaта за испаѓање.
Тараковски во 60-тата минута беше стрелец на единствениот погодок на натпреварот, а Арсенал иако имаше повеќе од 2/3 од поседот на топка и преку 10 шута кон голот сепак остана bез решение за денес одличната дефанзивна игра на противникот.
За Арсенал ова е само втор пораз оваа сезона, по оној во месец Септември, кога ,,Топџиите” загубија од Јунајтед.
Предноста на Арсенал во однос на Сити сега се намали на 5 бода.