Младиот македонски репрезентативец Андреј Јакимовски одигра уште еден добар натпревар во дресот на својот Универзитет Вашингтон Стејт.
Популарните „Кугарс“ ноќеска го играа дербито од „Пацифик-12“ дивизијата, на гостински терен, против трето пласираниот тим Универзитетот во Јужна Калифорнија.
Јакимовски на теренот мина 32.минути, период за кој реализира 9 поени, а имаше и 5 асистенции и 4 скокови.
Сепак тоа не беше доволно неговиот тим да оствари победа во дуелот со фаворизираните “Тројанс“ кои до 16-тиот триумф стигнаа со конечни 80-70.