Во Ракометната федерација на Македонија денеска беше извршена ждрепката за продолжението на женската лига, по што е познат и распоредот на натпреварите во разигрувањето за титулата (плеј-офот), односно опстанок во елитното друштво (плеј-аутот).

Во двете конкуренции се пренесуваат резултатите и бодовите добиени во дуелите со екипите со кои веќе се играло во регуларниот дел во групата, а се пласирале во иста група плеј-оф или плеј-аутот.

Ќе се одиграат вкупно 8 кола (дома/гости), само со екипите кои играле во
спротивната група во регуларниот дел.

Актуелниот шампион Ѓорче Петров во 1.коло ќе гостува во Битола кај Пелистер, а најинтересно се очекува да биде на дуелот меѓу Вардар и Металург, екипи кои с на второто и четвртото место на табелата

Првите натпревари ќе се играат на 11/12 март.

ПЛЕЈ-ОФ ЛИГА 1 КОЛО:
ПЕЛИСТЕР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ВАРДАР – МЕТАЛУРГ
КУМАНОВО – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ
ЧАИР – СТРУЖАНКА

ТАБЕЛА
1. ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 18 бодови
2. МЕТАЛУРГ 12
3. ЧАИР 12
4. ВАРДАР 12
5. КУМАНОВО 9
6. ПЕЛИСТЕР 2012 3
7. СТРУЖАНКА 3
8. ОВЧЕ ПОЛЕ С.У. 3

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА 1 КОЛО:
ГЕВГЕЛИЈА – КУЗМАН ВАРДАР
ШАМПИОН – АСТИБО
СКОПЈЕ – ДЕСПИНА
слободна е екипата на СПАРТАК

ТАБЕЛА
1. ШАМПИОН 15 бодови
2. СКОПЈЕ 10
3. АСТИБО 9
4. ДЕСПИНА 9
5. ГЕВГЕЛИЈА 9
6. СПАРТАК 1
7. КУЗМАН 0