Најдобрата македонска фудбалска репрезентација немаше среќа на денешната ждрепка за квалификациите за ЕП, па црвено-жолтите се најдоа во можеби најсилната квалификациска група.
Познати се групите за квалификациите за Европското првенство во фудбал што ќе се одржи за две години во Германија.
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде дел од Ц групата во квалификациите за Европскиот шампионат што во 2024 година ќе е одржува во Германија.
Финалистите од последното ЕП, актуелниот шампион Италија и вице-првакот Англија, заедно со Украина против која игравме на својот дебитантски настап на ЕП, како и селекцијата на Малта се нашите противници во Ц групата.
„Потешка група не можевме да добиеме. Сами да биравме, потешко не можевме да избереме. Добивме врвни репрезентации за ривали и ова ќе биде еден голем фудбалски предизвик за сите нас“ , е првиот впечаток на селекторот Благоја Милевски.
Циклус на квалификации почнува во март месец следната година и ќе заврши во ноември. Пласман на континенталниот шампионат ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации.