Ноќеска во НБА лигата на програмата беа два натпревари од разигрувањето за плеј-инот. На победи се радуваа кошаркарите на Голден Стеј и Филаделфија.
Голден Стејт Вориорс го започнаа разигрувањето со драматична победа над Клиперс 126:121 во „Интуит Доум“ во Лос Анџелес.
Стеф Кари беше херој на натпреварот со 35 поени, реализирајќи 7/12 тројки, а неговата седма тројка на крајот ја донесе пресудната предност. Ал Хорфорд на 40 години постигна 14 поени и три скока во последната четвртина, носејќи исклучителна енергија за Вориорс.
Со оваа победа Голден Стејт обезбеди финале на плејо-инот на Западот и патува во Феникс за дуел против Санс.
Филаделфија исто така обезбеди пласман во финалето плеј-инот на истокот, со триумф над Орландо 109:97 и ќе играат против Бостон Селтикс.
Тајрис Макси беше лидер со 31 поен, два скока и шест асистенции, покажувајќи дека е главниот мотор на тимот без Ембиид. Кели Убре постигна 19 поени со 5/10 за три, додека ВЈ Еџкомб додаде 19 поени и 11 скока за Филаделфија.

































