Ракометниот клуб Охрид испишува историја сезонава, особено на европската сцена. Но, охриѓани се тоа како конкурентни во македонското првенство. По вчерашниот триумф над Еурофарм Пелистер тие се на делба на 2.место во шампионот, веднаш зад лидерот Вардар. 

Дека ГРК Охрид размислува серозно и за следната сезона, да боде уште по конкурентен, најдобро говори денешниот потег. Денеска Охрид го промовира Косуке Јасухира како свое ново засилување. 

Косуке доаѓа на позајмица до крајот на оваа сезона да и помогне на екипата во остварување на што подобри резултати во историската сезона на Клубот.

25-годишниот Косуке е јапонски репрезентативец и доаѓа од екипата на Бурган од Кувајт. Имаше перфектни настапи за екипата на РК Вардар пред две сезони, играјќи на позицијата среден бек.

„Пресреќен сум што се враќам во Македонија, во тимот има добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против Тиквеш, па потоа да можам да им помогнам на моите соиграчи за поуспешна сезона.

Среќен сум за ваквиот пречек од нашите навивачи, тоа ми дава уште поголема мотивација“, изјави Косуке.

Како што најави самиот Јапонец, неговото деби ќе биде веќе утре против Тиквеш.