Четири победи на домашните и две на гостинските екипи е исходот на синоќешните одиграни натпревари во НБА лигата.

Лука Дончиќ и Леброн Џејмс одиграа уште еден одличен натпревар, па Лос Анџелес Лејкерс го совладаа Сакраменто со 128-104. Двете кошаркарски ѕвезди веројатно имаа мотив повеќе и во присуството на најдобриот светски тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ. Србинот го следеше натпреварот од првиот ред и постојано комуницираше со Лука и Леброн.

„За мене, Новак Ѓоковиќ е најголемиот на сите времиња. Самото тоа што е тука да ме гледа е неверојатно за мене. Многу сум возбуден што е тука“, рече Дончиќ.

Што се однесува до натпреварот. На Дончиќ му фалеше една асистенција да оствари двоен ефект. Најдобриот стрелец во лигата, не играше о последната четвртина, па завршни со 28 поени и девет асистенции. Леброн Џејмс додаде 24 поени надополнети со седум скокови и четири асистенции.