Синоќа во НБА се одиграа уште десет натпревари. Од нив издвојуваме, тесната победа на Орландо над Лос Анџелес Лејкерс, како и новата победа на актуелниот шампион, Оклахома Сити.
Во Лос Анџелес, тимот на Орландо ги победија Лејкерс со 109:110. Вендел Картер им донесе водство на Меџик на седум секунди до крајот. Лејкерс се свртеа кон Леброн Џејмс во последниот напад , кој промаши тројка за победа.
Паоло Банкеро ги предводеше гостите со 36 поени, 10 скока и шест асистенции, Дезмонд Бејн додаде 22 поени, а Картер имаше 20 поени и 11 скока. За Лејкерсите, Лука Дончиќ беше блиску до трипл-дабл со 22 поено,, 15 асистенции и девет скока/ Џејмс и ДеАндре Ејтон додадоа по 21 поен, а Ејтон собра и 13 скока.
Меџик се седми на Истокот со 32-26 (победи-порази), додека Лејкерси се шести на Западот со 34-23.
Актуелниот шампион Оклахома Сити Тандер ги победи Торонто Репторс со 107:116 во турбулентен натпревар на гостински терен.
Тандерс водеа убедливо со 96:71 на две минути до крајот на третата четвртина. Но Торонто се врати и израми на 101:101 на четири минути до крајот.
Кејсон Волас спречи големо изненадување со четири последователни поени, една украдена топка и една асистенција. Волас ги предводеше Тандер, кои сè уште се без Шаи Гилгиус-Александар , со 27 поени, осум скока и седум асистенции, додека Ар Џеј Барет ги предводеше Репторс со 21 поен.


































