Фудбалерите на Барселона очекувано ја забележаа 20-тата победа во шпанската Ла лига.

Во натпреварот 25.коло Барселона пред својата публика сo 3-0 го победи претпоследно пласираниот Леванте. Триумфот можеше да биде и многу поубедлив доколку Каталонците ги искористеа сите свои шанси.

Така само два гола видоа љубителите на фудбалот присутни на ,,Камп Ниту”. Уште во четвртата минута, Бернал го отвори резултатот, а во 32-та Де Јонг зголеми на 2-0. На третиот гол се чекаше се до 83.,минута кога Фермин ги постави конечните 3-0.

Со новите три бода и вкупно 61 Барселона се врати на врвот на табелата, со бод повеќе од лутиот ривал Реал Мадрид кој вчера загуби од Осасуна со 2-1.

Следете нé на социјалните мрежи