Иако за ноќеска во НБА лигата беа предвидени четири, сепак се одиграа само три натпревари.

Ретко се случува да чуете за одложување на натпревар во НБА поради услови во затворен простор. Но токму тоа се случи синоќа.

Играчите на Чикако и и Мајами истрчаа на теренот на „Јунајтед Центарот“. Сепак, се пожалија на влажниот под.

Вработените во клубот од Мајами дадоа сѐ од себе за да го решат проблемот, но натпреварот на крајот мораше да се одложи.