Нови девет натпревари носи денешниот дел во фудбалската Лига на шампиони, сите во рамките од седмото коло.
Дерби дуелот ќе се игра во Париз на „Паркот на Принцовите“ каде ПСЖ ќе го пречека Манчестер Сити.
Тоа е дуел на актуелните шампиони на Франција и Англија, но и дуел на тимови кои се во долниот дел на табелата.
Двете екипи досега остварија само по две победи па се наоѓаат на 24-тото и 26-тото место на табелата. Затоа бодовите за двете екипи се исклучително важни, па оттаму за очекување е офанзивен фудбал во кој тимовите ќе бркаат гол повеќе од противникот.
Дуелот во Париз ќе се игра во терминот од 21 часот, за кога се закажани уште шест натпревари. Меѓунив се и гостувањата на македонските претставници во елитното натпреварување. Ристовски и Адеми со Динамо ќе гостуваат во Лондон кај Арсенал. Џирона на Миовски кој сеуште ја лечи повредата му гостува на Милан.
Претходно во терминот од 18.45 часот, ќе се играат првите два меча, а во нив Лајпциг се среќава со Спортинг, а Шахтјор е домаќин на Брест.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 7.КОЛО
Среда
18:45 РБ ЛАЈПЦИГ – СПОРТИНГ
18:45 ШАХТЈОР – БРЕСТ
21:00 МИЛАН – ЏИРОНА
21:00 АРСЕНАЛ – ДИНАМО ЗАГРЕБ
21:00 ПСЖ – МАНЧЕСТЕР СИТИ
21:00 СЕЛТИК – ЈАНГ БОЈС
21: 00 ФЕЕНОРД – БАЕРН МИНХЕН
21:00 РЕАЛ МАДРИД – САЛЦБУРГ
21:00 СПАРТА ПРАГА – ИНТЕР