Во НБА лигата ноќеска на програмата беа девет натпревари, а најинтересниот се одигра во Орландо.

Дербито на Флорида го добија кошаркарите на Мајами кои како гости го совладаа Орландо со 88:89. Иако Орландо водеше во текот на целиот натпревар, Хит со серија 11-0 во финишот ја анулира негативата. На пет секунди до крајот имаа домаќините водство, но Тајлер Хироу на половина секунда погоди за победа на Мајами. Хироу беше најдобар стрелец на Хит со 20 поени.

Најдобриот тим во западната конференција Оклахома ја продолжи победничката низа. Тандерси славеа на гостувањето кај Индијана Пејсерс со 120:114.

Шај Гилгеус-Александер беше феноменален со 45 поени, седум скока и осум асистенции. Покрај тоа што доминираше во текот на целиот натпревар, тој ги постигна и последните девет поени на својот тим. Оклахома ја врза четвртата победа во низа, а деветта на последните десет натпревари.

Резултати на останатите натпревари:
Вашингтон Визардс – Шарлот Хорнетс 113 :110
Атланта Хокс – Чикаго Булс 141:133
Мемгис Гризлис – Торонто Репторс 155:126
Милвоки Бакс – Бруклин Нетс 105:111
Њу Орлеанс Пеликанс – Хјустон Рокетс 111:128
Портланд Трејл Блејзерс – Јута Џез 122:120
Сакраменто Кингс – Детроит Пистонс 113:114