Oклахома и Милвоки го потврдија статусот на фаворити и ќе играат во финалето на НБА Купот.
Во Лас Вегас се игра завршницата на ова натпреварување, во кое „Бакс“ беа подобри од Атланта, а „Тандерс“ го надиграа Хјустон.
Оклахома во вториот дел го скрши отпорот на Хјустон кој првиот дел го доби минимално со 42:41. „Тандерси“ во вториот дел постигнаа 70 поени и славеа со конечни 111:96.
Кај победникот се истакна Шаи Гилиеус-Александер со 32 поени, осум скока и шест асистенции, Ајсаја Хартенштајн додаде 21 поен и осум скока, а Џејлен Вилијамс имаше 20 поени.
Дуелот меѓу Милвоки и Атланта беше решен во завршницата. „Хоукс“ долго време беа во игра, успеаја да се доближат на минус 3 на две минути пред крајот. Сепак до крајот на натпреварот постигнаа само еден кош, па „Бакс“ победија со 110:102.
Јанис Антетокунмпо постигна 32 поени со 14 скока и девет асистенции, а Демијан Лилард додаде 25 поени и седум асистенции за победникот. Кај Атланта, Тре Јанг постигна 35 поени со десет асистенции.
Финалето меѓу Оклахома и Милвоки ќе се игра во среда наутро во 2.30 часот.