Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа избори пласман во четвртфиналето на фјучрсот во Селва Гардена што се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Таа во мечот од 2.коло ја совлада совлада 8-носителка Амарни Бенкс од Велика Британија со 2-1 во сетови.

Во првиот сет Бенкс направи брејк во четвртиот гем и поведе со 3:1 во гемови, а потоа водеше со 4:1 и 5:2. Во осмиот гем нашата тенисерка спаси три сет топки, а ги доби и трите гема за 5:5. Сепак ривалката направи брејк во 11-тиот гем за водство од 6:5. Сетот го доби со 7:5.

Во следниот сет по 1:0 за Бенкс, Ѓорческа направи брејк за водство од 2:1 во гемови и го навести пресвртот. Предноста Лина ја имаше до 5:3 во гемови, а во деветтиот гем направи уште еден брејк за 6:3 и 1-1 во сетови.

Во решавачкиот сет противничката направи брејк за водство од 1:0, а Ѓорческа веднаш со ри-брејк изедначи на 1:1. По 2:2 во гемови целосна доминација на македонската тенисерка. Лина го освои сетот со 6:2 во гемови, а мечот го доби со 2-1.

Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против квалификантката 16-годишната Американка, Тајра Катарина Грант (916 место на ВТА).