Фудбалерите на Шкендија и по втор пат се поразен од ерменскиот тим Ноа, со што ја завршија својата „авантура“ на европската сцена.
Тетовци вечерва во Скопје во реванш дуелот од првото квалификациско коло на Конференциската лига загубија со 1-2.
Гостите од Ереван поведоа во 22.минута со голот на Миљковиќ за 0-1 за Ноах. Тоа беше и резултат по првиот дел.
По само десет минути игра во вториот (55) Кразниќи го израмни резултатот и ја врати надежта на тетовци. Залудни беа обидите да се постигне втор гол и да се врати надежта. Неја ја смена во судиското дополнение (90+1) кога Пинсон ги постави конечните 1-2 за Ноах.
Така ерменскиот тим кој славеше и на првиот меч со 2-0 се пласира во следната рунда.