Ноќ за памтење во НБА лигата е имаа кошаркарите на Филаделфија, Џоел Ембид и на Минесота Карл Ентони Таунс.
МВП играчот регуларниот дел на минатата сезона, Џоел Ембид постигна 70 поени во победата на Филаделфија над Сан Антонио. Тој реализира половина од поените на 76-ките кои славеа со 133-123. На тоа Ембид додаде и 18 скокови.
И Карл Ентони Таунс имаше брилијантна вечер. Тој оствари дабл-дабл со 62 поени и 10 скокови на кои додаде 8 асистенции. Сепак Минесота го загуби мечот против Шарлот со 125-128. Таунс реализира само четири поени во последниот период иако на полувремето имаше 44.