Кошаркарот на Милвoки, Јанис Антетокумпо ја обележа вечерта во НБА лигата во која беа одиграни три натпревари.
Гркот постигна 50 поени во победата на „Бакси“ над Њу Орлеанс со 135-110. Тој средбата за заврши со дабл-дабл придодавајќи и 13 скокови во својата статистика. Милвоки е на 3.место во Источната конференција, зад Бостон и Денвер.
Второ рангираниот тим на западот, Мемфис славеше во дуелот со Индијана со 112-110.
Џа Морант и Џарен Џексон беа најзаслужни за 32-та победа на „“Гризлите“.
Џексон беше најефикасен со 28 поени на кои додаде и 8 скокови, додека Морант оствари трипл-дабл со 27 поени, 15 асистенции и 10 скокови.
Во последниот меч во кој Кливленд го декласира тимот на ЛА Клиперс со 122-99, најдобар поединец на мечот беше турскиот интернационалец, родум од Охрид, Четин Осман кој за победничката екипа постигна 29 поени.