Македонскиот првак Струга Трим Лум не успеа да ја мина првата квалификациска рунда за Лигата на шампионите. Стружани се поразени од Жалририс со 1-2 во реванш дуелот одигран попладнево во Охрид. 

Иако стружани први поведоа сепак за само осум минути гостите направија комплетен пресврт.

Првата вистинска закана по голот на гостите ја упати Радески. Тој биеше во трк од 20-тина метри но гостинскиот голман немаше проблеми да го скроти тој удар.

Во 39-минута Ојевуси се обиди да го изненади Ќосевски кој беше внимателен и лесно го одбрани неговиот удар. Иста ситуација со ист епилог пред голот на Струга се случи и во последната минута од првиот дел, па на полувреме се замина со почетниот резултат 0-0. 

Првата голема шанса во второто полувреме ја имаше македонскиот првак. Ибраими во 47-минута, од идеална позиција не успеа да го совлада гостинскиот голман. На спротивната страна два пати се заканија гостите, но мрежата на Ќосевски остана не затресена. 

Во 73-тата минута беше досуден пенал за Струга. По несмасната интервенција на гостите во сопствениот шеснаесетник, англискиот судија покажа на белата точка. По прегледувањето на ВАР снимката најстрогата казна беше потврдена.  Бесарт Ибраими ја презеде одговорноста и погоди за во водство од 1-0.

Нецели три минути подоцна гостите преку Кендриш израмнија на 1-1.

Ибраими во 80-тата можеше втор пат да се впише во листата на стрелци, но биеше крај голот. Затоа стигна казната во 83-тата минута. По акцијата на Ојевуси, Радиќ си постигна автогол за водство на Жалгирис со 2-1.

Така стружани не се изборија за 2-то коло и дуел со турскиот гигант Галатасарај. 

По елиминацијата во квалификациите за Лигата на шампионите, Струга ТЛ останува на европската сцена.

Следува двомечот со црногорскиот тим Будуќност во Конференциската лига. Првиот стружани ќе го играат на домашен терен на 27 јули, а реваншот во Подгорица е седум дена подоцна (3 септември).