Македонските боксери Ален Рустемовски и Озмен Илхан Атила уште по првата борба ги завршија своите настапи на Европските игрите што се одржуваат во Краков, Полска.
Рустемовски кој настапи прв и тоа во категоријата до 57 кг. беше поразен на поени со 1-4 од Махмуд Небил Ибрахим од Шведска
Веднаш по него настапи и Озмен Илхан Атила и тоа во категоријата 63,5 кг. во која за противник во 1.коло го имаше Италијанецот, Џанлуиџи Маланга од кого загуби убедливо со 0-5 на поени.
Во машкиот кајак спринт на 500 метри, настапи Владимир Малески ги мина квалификациите и обезбеди место во полуфиналната рунда. сепак имајќи ја во предвид силната конкуренција во која Малевски имаше вкупно 18-ти резултат со големо заостанување од водечките, тешко е да се очекува подобар пласман во втората полуфинална група чиј старт е закажан за 17 часот.