Кошаркарот на Јута, Лаури Марканен е прогласен за најподобрениот играч во НБА.
Финскиот кошаркар доби 69 од 100 гласови за првото место и ги остави Гилџис Александeр и Џејлен Брансон на второто место.
Марканен сезонава имаше просек од 25,6 поени, 8,6 скока и 1,9 асистенции.
„ Јас сум на вистинското место во вистинско време. Ова е голема награда за мене.“- вели Марканен.