Атомски, спектакуларен натпревар видоа љубителите на фудбалот на „Паркот на принцовите“ во Париз, каде ПСЖ и Барселона го одиграа во големото дерби од 3.коло во фудбалската Лига на шампиони. Дуелот во Париз, меѓу актуелниот европски првак ПСЖ и шпанската Барселона заврши со шест гола (4-2), а можеше да има уште толку.

Првата шанса уште во 90-тата секунда ја имаше Дембеле, чиј удар од 20-тима метри заврши во стативата од голот на Барселона. На следното возбудување се чекаше до 25.минута кога Феран Торез имаше можност да го совлада Гарсија, но голманот на Барса чудесно одбрани. Само три минути подоцна, европските прваци имаа тројна шанса во еден напад, но и тогаш не успеаја да го совладаат Хуан Гарсија. Конечно иницијативата на парижаните вроди со плод во 38-та минута. Дуе ја казни лошата реакција на Јалам, па со удар од далечина ја затресе мрежата на Барса за 1-0.

Само две минути подоцна, Гордон на спротивната страна имаше шанса за израмнување. Изби сам пред домашниот голман, но Русинот, Стефанов успеа да одбрани. До крајот на првиот дел, домашниот тим имаше уште две убави шанси за гол, но резултатот остана 1-0.

Второ полувреме за не заборав

И на стартот на вториот дел, ПСЖ беше оној што ја наметна играта. Имаа уште две убави шанси избраниците на Луис Енрике, но не ги искористија.

Затоа следуваше, непишаното фудбалско правило и казната на спротивната страна. Фермин одлична му асистираше на 19.годишниот Чави Еспарт кој израмни на 1-1.

По тој гол „атомскиот“ фудбал се играше и во продолжението на натпреварот. Барса создаде две добри шанси за пресврт, но не ги искористи.

Во 71.минута Феран Торез ја погоди стативата, а само шеесет секунди подоцна (72) Лукас Ернандез биеше со глава под пречката и ја затресе мрежата на Барса, за водство на ПСЖ од 2-1. Радоста на домаќините не траеше долго. Шест минути подоцна (78), Ламин Јамал по прекрасна соло акција повторно го израмни резултатот, тогаш на 2-2.

А, тука голеадата не застана. Прво Витиња во 82-та, а потоа и Фабиан Руиз во 84.минута, постигнаа нмови голоци за „сцетците“ за водство и победа на ПСЖ од 4-2.

Со тоа европскиот шампон ја прекина победничката низа на Барселона од 10 меча сезонава во сите натпреварувања.