Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е херојот за Валенсија. Тој со серија фантастични интервенции му обезбеди бод на својот тим во драматичното реми 2:2 на гостувањето кај Расинг Сантандер.

Овој натпревар беше деби за новиот тренер на „лилјаците“, искусниот мексикански стратег Хавиер Агире.

Иако Валенсија поведе рано со голот на Дани Раба, домаќините направија целосен пресврт преку Забири и Мартин. Во моментите кога дефанзивната линија на гостите сериозно потфрли, Димитриевски со сигурни одбрани спречи поубедлива негатива. Надежта ја врати младиот Давид Оторби, кој во 65-тата минута погоди за израмнување на 2:2.

Најинтерсените моменти од натпреварот (овде)

Апсолутната кулминација и потегот на натпреварот се случи во судиското продолжение. Кога притисокот на домаќините беше на врвот, Пабло Гарсија упати силен и прецизен удар кој веќе сите го гледаа во мрежата. Со неверојатен рефлекс и парада, македонскиот чувар на мрежата ја извади топката од самите агли и го спаси својот тим од пораз.

Со вкупно девет одбрани на овој меч, Димитриевски ги побра сите комплименти во шпанската јавност. Иако Валенсија останува во незавидна позиција на табелата, неговата врвна форма е најголемиот капитал за Агире во претстојната борба за опстанок во Ла Лига