Машката одбојкарска репрезентација на Македонија претпладнево отапува за Софија, каде од среда го почнува четвртиот настап на Европскиот шампионат.

Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на репрезентативци на селекторот Јошко Миленкоски за пристојниот ЕвроВолеј.

Техничарот Давид Стојанов, коректорот Кристијан Илијев, средниот блокер Михајло Мирасчиев, како и либерото Филип Јованов, се играчите кои за првпат ќе настапат на еден континентален собир во националниот дрес.

Имињата на останатите десетмина во составот се добро познати, а во минатото го носеа товарот на големите натпреварувања.

Македонската репрезентација ќе игра во Б групата против ко-домаќинот Бугарија, актуелниот европски шампион Полска, Украина, Португалија и Израел.