Лионел Месни не успеа да се запише во листата на стрелци на синоќешниот настап за неговиот Интер Мајами кој одигра 2-2 поротив Атланта.

Иако не ја затресе продавачката мрежа сепак Меси беше еден од најдобрите на теренот. Во 32.минута по неговиот корнер, Каземиро со глава погоди за водство на Интер Мајами со 2-0.

Само три минути подоцна гостите преку Алмирон израмнија, но во финишот на првиот дел домаќините пак поведоа. Акцијата ја почна Меси, а продолжи Сеговија кој одлично го проигра Луис Суарез кој го постигна 12-тиоѕт свој гол сезонава.

Иако сите очекуваа тимот од Флорида, кој ја имаше улогата на фаворит, да ги освои бодовите, сепак гостите од Атланта кои се претпоследни на табелата, не се предадоа. Во вториот дел беа досудени два пенали за гостинскиот тим. Првиот не го реализира Алмирон, но Емболо беше прецизен во вториот и ги постави конечните 2-2.

Интер Мајами кој е втор на табелата сега заостанува 10 бодови зад водечкиот Нешвил, на 11 кола до крајот на регуларниот дел на сезоната.