Македонскиот шампион Вардар утревечер ќе го игра третиот натпревар сезонава на европската сцена. По елиминацијата во Лигата на шампионите вардарци продолжуваат во уефа Конференциската лега.
Противник на црвена црните електронскиот состав на ри. Пред утрешниот меч на официјалната прес-конференција тренерот Кристијан Фабијани ги изнесе своите очекувања.
,,Со голема желба и емоција го дочекуваме утрешниот натпревар. Задоволни сме со тоа што го одигравме во Финска и победата.
Се надевам дека и утре ќе донесеме добар резултат. Мора да бидеме силни на домашен терен. Голема е мотивацијата да се покажеме многу подобро, тоа и го покажавме во Финска.
Сакаме да ги направиме горди нашите навивачи со една подобра партија и перформанси на домашен терен”, изјави аргентинскиот тренер на кормилото на Вардар.
Дуелот меѓу Вардар и Рига што ќе се игра утревечер на арената ,,Тодор Проевски” ќе почне во 20 часот.































