Екипата на Дубаи поведе со 1:0 во победи против Партизан, во финалето на АБА лигата.
На дуелот одигран во Дубаи, истоимената екипа славеше со 99-93 за прва победа во серијата што се игра на трои доибиени.
Три од четирите периоди му припаднаа на тимот на Дубау кој на средината на третиот период имаше најголеми +18 (69-51). Гостите од Белград со одлучна серија 0-15 дојдоа на три негатива (69-66) во последниот квартал. Сепак црно-бечлите немаа сили за комплетен пресврт, па Дубаи го доби мечот.
Тимот од Дубаи до победата го предводеа Џанан Муса со 22 поени, 6 асистенции и три скока, Мфионду Кабенгеле со 19 поени, 8 скока и 4 асистенции и Мекинли Рајт со 19 поени и 9 асистенции. А
И следниот (втор) натпревар ќе се игра во Дубаи веќе во сабота, по што предвидени се два дуели во Белград.





























