Сан Антонио Спарс се пласираа во големото НБА финале по епската победа над актуелниот шампион Оклахома Сити со 111-103. Во решавачкиот седми натпревар, кошаркарите на Сан Антонио покажаа неверојатен карактер и сигурна игра во клучните моменти.

Главна фигура на теренот беше Виктор Вембањама, кој ја предводеше својата екипа до овој огромен и историски триумф. Вембањама, кој постигна 22 поени и забележа 7 скокови. Францускиот кошаркар заслужено го понесе признанието за најкорисен играч, односно МВП на финалната серија во Западната конференција.

Ова е вкупно седмо големо НБА финале во историјата за на Сан Антонио Спарс. Тимот од Тексас се враќа во битката за шампионскиот трон по точно 12 години пауза.

За шампионскиот трофеј, Спарси ќе се борат со Њујорк.