Екипата на Париз Сен Жермен е освојувач на трофејот наменет за победникот во фудбалската Лига на шампиони.
Во финалето одиграно попладнево во Будимпешта, тимот на ПСЖ славеше победа над Арсенал со 5-4 по подобро изведување на пенали. Регуларните 90-минути завршија без победник 1-1, а истиот резултат остана и по 120.минути игра.
Англискиот тим многу рано уште во шестата минута дојде до водство од 1-0. По брзата акција од левата страна Каи Хаверци од тежок агол биеше прецизно над главата на Сафонов.
Во продолжението францускиот тим комплетно ја презеде иницијативата и постојано го загрозуваше голот на лондончани.
Сепак до промена на резултатот дојде дури во 65.минута, кога Дембеле од пенал израмни на 1-1. Во финишот на регуларниот дел малку фалеше Парижаните да стигнат до водство, но ударот на Витиња заврши „милиметри“ над голот на Арсенал.
Иако и во продолженијата се играше отворено и беа создадени неколку шанси, резултатот остана не променет. Затоа пенал рулетот решаваше за шампионскиот трофеј. Во него попрецизни, посреќни и поконцентрирани беа фудбалерите на ПСЖ кои реализираа четири наспроти трите на Арсенал.
Со оваа победа ПСЖ втора година во низа ќе биде шампион на Европа, Воедно францускиот тим е само вториот во историјата што успеа да ја одбрани титулата. Тоа единствено до сега му успеало на Реал Мадрид кој три години (2016, 2017 и 2018) во низа беше шампион.
За Арсенал ова беше втор пат да игра во големото финале. Популарните „топчии“ и во првото во Париз пред 20 години загубија од Барселона.































