Нема веќе екипа која нема освоено барем бод во Првата македонска фудбалска лига. Ова откако попладнево Башкими како гостин го совлада Скопје.
Во дуелот од шестото коло, одигран на теренот крај ФФМ, фудбалерите на Башкими го совладаа Скопје со 1-2.
Гостите од Куманово беа подобар противник во првото полувреме. Имаа неколку зрели шанси за гол, а единствената ја искористи Антонио Да Силва во 28.минута за водство на Башкими од 0-1.
На вториот гол се чекаше се до 62.минута кога Мурати добро јас следеше акцијата на Рибеиро и зголеми на 0-2 за гостите. Само шест минути подоцна беше досуден пенал за Скопје. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Али Адем кој намали на 1-2.
За Башкими ова беа првите бодови сезонава, откако по првите пет дуели кумановци беа поразувани. Скопје пак е единствениот тим во лигата кој досега се нема израдувано на триумф.
Утре нема прволигашки фудбал, но затоа задутре на програмата се последните два натпревари. Во дербито Струга Трим Лум е домаќин на Силекс, а Вардар ќе го пречека составот на Арсими.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|
































